Кривични пријави против три лица кои ги нападнале полицајците во Шуто Оризари

Од:

Обвинителството поведе постапка за сторено кривично дело Напад на службено лице при вршење на службата од член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик против три лица кои на 15 септември во населбата Шуто Оризари при одржување на панаѓур извршиле напад над припадници на полицијата.

Настанот се случил откако полицајците кои вршејќи ја службата, заради зголемена фреквенција на возила, повикале пајак служба. При подигање на едно од непрописно паркираните возила, сопственикот на возилото се упатил кон полицајците и започнал вербална расправија. Потоа влегол во возилото и го придвижил нанапред удирајќи во полицајците. Откако и по вторпат со возилото удрил во полицајците, осомничениот бил изваден од возилото од страна на полициските сили. Во нападот кој бил извршен се вклучиле уште две лица, во блиски роднински врски со возачот на автомобилот. При обидот на полицијата да го спречи нападот, на местото се собрале 30 – 40 лица и започнале вербален, но и физички напад кон полициските структури. Во инцидентот беа повредени неколку лица, меѓу кои шестмина полициски службеници.

Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежен јавен обвинител за трите лица против кои е поведена постапка предложи определување мерка притвор. По ваквиот предлог се произнесе надлежен суд, кој на тројцата им определи мерки на обезбедување.

Би можело да ве интересира

МВР потврди: Помошник директорот во сектор-администрација во Царина е приведен со обележани 17.500 евра

А1он

Битолската полиција за шест часа казни 77 возачи на мопеди и електрични тротинети

А1он

Убиство во Дуќанџик – пукаа кон петмина, 26 годишен скопјанец настрада

А1он

МВР: Криминална група лажираше надоместоци при регистрација на возила и переше милиони преку осигурителна компанија

Горан Наумовски

Тошковски за аферата „Мазут“: Се надевам ЈО ќе собере храброст и професионално ќе се посвети на сите детали

Од 16 уапсени за безобѕирно возење, деветмина се без положен возачки испит

А1он