Етно групата „Љубојна“ настапи на меѓународниот фестивал „Медитерански култури“ во Португалија

Од:

Македонската етно група „Љубојна“ успешно настапи на меѓународниот фестивал „Медитерански култури“ кој синоќа заврши во португалскиот главен град Лисабон.

Настапот на групата „Љубојна“ е во рамки на соработката меѓу канцелариите на ЦИОФФ (CIOFF-Светска организација на фолклорни фестивали) од Македонија и Португалија, и со поддршка на македонското Министерство за култура, истакна Антонијо Димитровски, претставник на Република Македонија во ЦИОФФ.

– На Фестивалот учествуваа групи од Португалија, Турција, Грција, Италија, Хрватска, Словенија, Бугарија, Шпанија, Тунис, Србија, Франција и Либан, а единствен претставник од нашата држава беше етно групата „Љубојна“. Целовечерниот фестивалски концерт нашите претставници го изведоа на свеченото отворање на фестивалот и во рамки на главната програма, заедно со врвниот музичар Раби Абу Калил. Публиката во Лисабон беше воодушевена од музичката понуда,односно од досега снимените албуми, а неколку композиции беа адаптирани со медитерански аранжман, потврди Димитровски.

За време на фестивалот „Медитерански култури“ беа организирани и се одржаа пет посебни програмски содржини како асоцијација на пет човекови сетила, за вид, допир, слух, мирис и за вкус.

Во изминатите денови во Лисабон со поддршка на ЦИОФФ се одржаа стручни работилници и изложби, семинар на тема „Сегашноста и иднината на медитеранските култури“, а беше формиран и посебен Центар за антропологија, информираа од македонската канцеларија на ЦИОФФ со седиште во Битола.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(Видео) Музика и хор од 20.000 евра на свеченото отворање на првите 40 километри автопат во Црна Гора

A1on

Синтезис со концерт ќе прослави 25 години артистичка кариера

Ана Ололовска

Во Битола се одржа научен собир „Академски такт за фолклорот и етнологијата“

Ана Ололовска

Во Битола почнува фестивалот „Локум фест – музика и традиција“

Ана Ололовска

Жан Мишел Жар: Мориконе беше непресушен извор на инспирација

Ана Ололовска