Синтезис со концерт ќе прослави 25 години артистичка кариера

Од:

Групата Синтезис вечер со славенички концерт на плоштадот Мајка Тереза (плато пред МОБ), ќе го одбележи 25 годишниот јубилеј од артистичката кариера.

Концертот почнува во 20 часот, а специјални гости ќе бидат Влатко Стефановски и Наум Петрески.

Етно групата Синтезис во изминативе 25 години има одржано повеќе од 500 концерти на сите континенти и настапи во некои од најпознатите светски сали и фестивали. Од своето основање во 1995 година, Синтезис се чувари на македонската традиционална музика, и нејзини оплеменувачи со нови музички форми и елементи. Групата има издадено осум албуми и има соработувано со најпознатите македонски музичари – Влатко Стефановски, Тоше Проевски, Наум Петрески и Борис Трајанов, како и со познати балкански имиња меѓу кои и Биља Крстиќ и Бистрик.

Концертот ќе биде одржан со почитување на протоколите за организирање на настани во време на пандемија од Covid 19, а билетите во строго ограничен број по цена од 200 денари се пуштени онлајн и на сите продажни места на Купи Карти За Се.

Концертот е поддржан од Министерството за култура, Град Скопје и Комерцијална Банка АД Скопје.

Би можело да ве интересира

Промоција на проектот „Ој девојче“ на диџеј Деловски и етно групата Синтезис

Почнува фестивалот „Етно приказна 2020“

Ана Ололовска

Во Битола се одржа научен собир „Академски такт за фолклорот и етнологијата“

Ана Ололовска

Во Битола почнува фестивалот „Локум фест – музика и традиција“

Ана Ололовска

„Љубојна“ со акустичен концерт за душа вечер во МОБ

Акустичен концерт на Љубојна на 22 декември во МОБ

Ана Ололовска