Шеснаесетгодишната Камелија Алексовска, ученичка во втора година гимназиско образование во средното општинско училиште „Ѓорче Петров“ во Крива Паланка, е најмлад уечсник на 4. Меѓународна олимпијада по француски јазик која се одржува во Охрид.
– На олимпијадата учествуваат средношколци од Македонија, Албанија, Ерменија, Бугарија, Молдавија и Романија кои во образовниот процес го учат францускиот јазик, а Алексовска е нaјмлада помеѓу бројните ученици кои се, пред се, од завршна, четврта гимназиска година, информира менторот Сашка Младеновска, професор по француски јазик во СОУ „Ѓорче Петров“.
Истакна дека Камелија поседува извонреден талент за говорење и пишување на овој странски јазик кој го говорат 13 проценти од вкупната светска популација.
Алексовска освоила голем број награди и привнанија на регионални и државни натпревари по француски јазик и беше дел од меѓуанроден франкофонски камп во Молдавија, под менторство на проф. Елена Николовска.
За афирмирање и промоција на францускиот јазик, во Крива Паланка повеќе години по ред се организира и Франкофонска вечер посветена на Меѓународнито ден на Франкофонијата.