Наполи ја победи Катанија со 2:0 и со вкупно 49 бодови се изедначи со лидерот на табелата Јувентус кој својот дуел од 23.коло во Серија А треба да го одигра денеска на гостински терен против Киево.
Во победата на „наполитанците“ на домашен терен цел натпревар одигра македонскиот репрезентативец Горан Пандев, но не учествуваше во акциите по кои головите ги постигнаа Марек Хамшик и Паоло Канаваро.
Вториот вчерашен дуел од оваа рунда во Серија А заврши без постигнат гол. Торино и Сампдорија одиграа 0:0.
Во петокот Рома – Каљари 2:4.
На другите денешни средби се среќаваат: Фиорентина – Парма, Палермо – Аталанта, Пескара – Болоња, Сиена – Интер, Џенова – Лацио и Милан – Удинезе.
Табела: Јувентус 49 бодови, Наполи 49, Лацио 43, Интер 40, Милан 37, Фиорентина 36, Катанија 35,…