ВИДЕО: Граѓани од цела Македонија организирано пристигнаа во Скопје за европскиот марш

Од:

Граѓани од цела Македонија со организиран превоз пристигнаа во Скопје за европскиот марш.

Со транспаренти „За европска Македонија“, организирано во групи се упатија кон збирното место Црвениот крст.

Организаторите од сите градови им поделија и маички на оние кои ќе маршираат до ЕУ инфо центарот. На „Партизанска“ има повеќе од 100 автобуси со кои дојдоа поддржувачите на Коалицијата „Заедно за европска Македонија“.

Дел од рекламниот материјал за кампањата се запалки, пенкала и беџови. Сообраќајот и паркирањето е контролирано од МВР.

Кампањата „За европска Македонија“ започна пред десетина дена. Поддрувачите на коалицијата „Заедно за европска Македонија“ носат македонски и знамиња на Европската унија, а ги има од сите градови.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Предупредување од ЕУ: Можен е недостиг на гориво

„Волстрит џурнал“: Европа подготвува „европско НАТО“ во случај САД да си замине

Дмитриев: Европејците ќе ги паметат одлуките на русофобичните Урсула и Каја

Девет држави ја блокираат Албанија во евроинтеграцискиот процес, Рама тврди: Има само едно вето

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он