Ахмети од Охрид: Сите заедници на 30 септември да гласаат за европска Македонија

Од:

Демократската Унија за Интеграција денеска одржа средба со граѓаните во Охрид каде во рамките на кампањата за референдумот ги запозна граѓаните во врска со причината зошто на 30 септември треба да се гласа ЗА Македонија во НАТО.

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети рече дека 30 септември е историски момент кој ги соединува сите граѓани на Република Македонија.

„Сите го сакаат мирот, а на 30 септември се гласа за мир, сите ја сакаат иднината, а на 30 септември се гласа за иднината, сите ја сакаат стабилноста и затоа на 30 септември треба да се гласа за стабилноста не само тука, кај нас, но и во регионот. Нема безбедна Европа без мирен Балкан. Мирот и стабилноста се гласаат на 30 септември, истотака и иднината. Затоа, треба сите да комуницирате со вашите сограѓани од сите заедници за да не се двоумат и воздржат, туку на 30 септември да гласаат за Европска Македонија”, рече претседателот на ДУИ, Ахмети.

Во рамките на информативните активности за референдумот кој ќе се одржи на 30 септември, во Охрид заедно со претседателот на ДУИ присуствуваа и пратеникот Агим Шакири и заменик министерот за здраство, Асим Муса.

Би можело да ве интересира

Потврда од ДУИ – Али Ахмети ќе учествува на утрешната лидерска средба

А1он

Нема договор ниту „Бадентер“ за Законот за прекршоци за да почне Сејф сити

ДУИ: Институционална одговорност e потребна по верскиот обред на полицијата

Горан Наумовски

ДУИ: Со Балансерот имаше застапеност, со ВРЕДИ има маргинализација

ВИДЕО: Отпуштените службеници од ДУИ имале и кревети во канцеларијата, објави Стоилковиќ

Мицкоски: ДУИ треба да им се извини на граѓаните Албанци што нивната влада побара да се избрише Балансерот

Горан Наумовски