Македонскиот ракометен шампион Вардар оствари триумф во првото коло од новата сезона во Лигата на шампионите против француски Монпелје.
„Црвено-црните“ забележаа важна гостинска победа од 24:27 (11:12) против актуелниот европски шампион и со голема самодоверба ќе го продолжат останатиот дел од најпрестижното ракометно натпреварување.
Тимот на Парондо покажа храбра игра во двете полувремиња и на крајот заслужено си заминува со триумф од Франција.
Најдобар стрелец кај вардарци беше Вуко Борозан со осум гола, а Иван Чупиќ се истакна со шест. Голманот Дејан Милосављев имаше неколку ѕвездени моменти на натпреварот, а на крајот заврши со 16 интервенции.
Кај Монпелје прв стрелец беше Кавтичник со шест гола, а Жерар заврши со 11 одбрани.
Во следното коло, Вардар на 22 септември во Скопје го пречекува шведски Кристијанштад.
ФОТО: ЕХФ