Евроамбасадорот Жбогар и министерот Адеми на дебата „Како да се информираме и како да бидеме информирани“ во Тетово

Од:

Евроамбасадорот Самуел Жбогар заедно со министерот за образование и наука Арбер Адеми присуствуваа на денешната дебата насловена „Како да се информираме и како да бидеме информирани“, што се одржа во Тетово.

Според Жбогар количината на информации што секојдневно ги добиваме преку мобилниот телефон и социјалните медиуми е навистина голема и тоа е сериозен предизвик особено со се почестото злоупотребување на лажните вести, дезинформациите и слично.

– За да се справиме со овие појави основно е да има поголема точност при информирањето, но и видување колку ние сме одговорни кога споделуваме информации дури и преку социјалните мрежи. Слободата на мислење и изразување со себе носи и одговорности, но и ограничувања да не се повреди приватноста, да не се користи навредата и слично. Демократски е да се слуша туѓо мислење и да се полемизира и дебатира, но само со изнесените ставови, а не и со личноста. Дел од напорите на ЕУ е медиумската писменост и критичкото размислување да бидат вклучени во наставните програми но потребно е вклучување и на НВО секторот, медиумите и новинарите, изјави Жбогар.

За министерот Адеми критичкото мислење од најмлада возраст придонесува за изградба на здрави индивидуи кои потоа можат да придонесат за подобрување на состојбите во сите сфери од општеството и така тие да станат директни чинители за промени на подобро.

– Главен приоритет на Владата заедно со подршката на многу НВО и поединци останува слободата на говорот и развој на критичкото мислење против говорот на омраза и лажните вести и дезинформации. Мојот став е дека образованието и наставниците, покрај семејството, околината и медиумите, најмногу можат да придонесат за развој на креативност и независност во изразувањето на своите ставови за надминување на говорот на омраза. Токму затоа реформите во образовната сфера преку измените во Законот за високо образование опфаќаат зголемување на академските слободи и слободата за изразување на универзитетите, а слични процеси имаме и за основното и средното образование како дел од новата стратегија за оваа област што предвидува до 2025 година овие елементи за современите образовни стнадарди да бидат вклучени и дел од нашиот образовен процес на сите нивоа, потенцира Адеми.

Директорката на Македонскиот институт за медиуми Биљана Петковска фокусот на дел од истражувањата претставени на денешната трибина е добивање на првични сознанија за тоа какви се секојдневните навики на корисниците на социјалните мрежи.

– За разлика од класичните медиуми, радиото, телевизија и весници што се регулирани со законот за медиуми за интернет порталите и другите он лајн медиуми овие регулативи се порастегливи. Затоа тука имаме повеќе злоупотреби на правото на слобода на говорот во однос на класичните медиуми, но тоа е последица и на фактот што политичките и економските центри на моќ ги злоупотребуваат правилата и можностите па имаме нетранспарентни портали и веб страници без податоци за сопственоста , лажни профили на социјалните мрежи. Овие центри за моќ треба да сфатат дека се дел од проблемот и активно заедно со другите чинители да се вклучат во справувањето со овие појави, рече Петковска

Според Александра Теменугова од Институтот за комуникациски студии телевизијата останува најгледан формат, но состојбите кај младата популација се драстично поинакви особено што над 90 остсо од нив низ нивното истражуавње посочиле дека најголем дел од информациите ги добиваат онлајн.

– Нашето истражување на репрезентаивен примерок покажува дека малку од граѓаните ги проверуваат информациите што ги добиваат он лајн односно кој е изворот и многу ретко бараат дополнителни информации или појаснувања за определена информација. Истражувањето покажа и дека јавните личности се значителен фактор во креирањето на јавното мислење и дека преку социјалните мрежи најмногу се следат спортисти, уметници, пејачи а политичарите се подолу со 17 отсто. Она што загрижува од овие податоци е тоа што 75 отсто од младите лица од 15 до 24 години во скопскиот регион во помал или поголем степен им веруваат на она што го изнесуваат јавните личности без вклучување на критичкото самостојно размислување, изјави Теменугова.

Денешната дебата во Тетово е дел од три проекти посветени на слободата на говорот, а финансиски се поддржани од Европската унија.

Би можело да ве интересира

Двајца тешко повредени во сообраќајка на обиколницата за Тетово

Горан Наумовски

Поради сообраќајка на патот Тетово – Гостивар, сообраќајот по една коловозна лента

19-годишно момче е осомничено за убиство на 16-годишен малолетник

(ВИДЕО) СДСМ: Нашите советници во Тетово нема да гласаат буџетот за 2025 година

Извештаите за смртта на бремената жена и 14-месечното бебе се готови, Таравари повика да делуваат судските органи ако се утврди лекарска грешка

Катерина Ѓуровски

Труење е веројатната причина за смртта на мајката и детето во тетовското село Слатино

Катерина Ѓуровски