ПСЖ: Не е добро што Нејмар и Мбапе се поврзуваат со Реал

Од:

Во Пари Сен Жермен се вознемирени што двете најголеми ѕвезди на тимот, Нејмар Да Силва и Килијан Мбапе се поврзуваат со трансфер во Реал Мадрид.

Сопственикот на тимот, Насер Ал-Хелаифи призна дека се плаши од потенцијални трансфери, но нема да толерира можни преговори „зад сцената“ со европските шампиони за двајцата најдобри играчи на ПСЖ.

– Не е поволна ситуација и ние разговаравме за тоа со Реал. Ниту еден клуб не треба да зборува за нашите играчи, тоа дава слика дека работата се одвива „зад сцената“ и тоа не вознемирува, изјави Ал-Хелаифи за шпанска „марка“.

Бизнисменот од Катар вели дека има голема почит кон Реал Мадрид, предводен од претседателот Флорентино Перез и верува дека тоа е взаемно.

– Ние сакаме такво разбирање од сите клубови, не само од Реал. Важно е да има дијалог и несоодветни тактики да не се користат, додаде тој.

Според шпанските медиуми, Реал за трансфери во јануари подготвил дури 370 милиони, а Нејмар и Мбапе се на врвот на листата на желби.

Би можело да ве интересира

Зидан го добива најчудниот договор во историјата на фудбалот

А1он

ВИДЕО: Навивач упадна на терен и направи хаос

Ана Ололовска

ВИДЕО: Навивачите ги изненадија Французите, им приредија добредојде и покрај поразот во финалето

А1он

ВИДЕО: Нереди во Франција и во Белгија, загина момче, стотина приведени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Шоу на Мбапе и Жиру против Полска, Французите ја продолжуваат одбраната на титулата

Катерина Ѓуровски

Во Франција тврдат дека Зидан на лето ќе застане на чело на ПСЖ

Ана Ололовска