(ВИДЕО) Јанушев: Заев не прифаќа дебата бидејќи нема одговор на сите оние штетни последици од договорот

Од:

Како дел од односно продолжување на она што го започнавме пред неколку месеци Лето за Македонија сме со граѓаните на Република Македонија обидувајќи се да им го објасниме договорот капитулантски кој што владата предводена од Заев на СДСМ го потпиша и штетните последици кои што произлегуваат од него. Неколку работи се интересни од она што го добиваме како информација од граѓаните, пред се дека освен штетните последици од договорот дека граѓаните исто така се заинтересирани да разговараат и за реалните проблеми кои што ги тиштат, секојдневието тешката живеачка која што ја имаат, сите криминали кои што ги гледаат од страна на власта, рече генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев при посетата на Кочани.

– Она што е исто така интересно е три работи поврзани со штетниот договор. Интересно е тоа што Заев бега од дебата, а во изминатите неколку години цело време слушавме како бараше да има дебата, како бараше да има разговори, како бараше да има соочување пред се на лидерите на политичките партии а во овој момент кога доби отворен повик од претседателот Мицкоски истиот бега и не сака да ја прифати дебатата. Сега тука прашањето главно кое што се наметнува е зошто не сака да ја прифати дебатата? Не сака да ја прифати дебатата бидејќи нема одговор на сите оние штетни последици кои што како партија, како ВМРО-ДПМНЕ ги нотираме пред сите граѓани во Република Македонија. Губењето на идентитетот, губењето на институционалниот идентитет, промената на сите идентитетски одредници, фамозниот член 8 и се она што во многу наврати сме го зборувале како огромни штетни и непоправливи последици, кои што ќе предизвикаат сериозна криза и сериозни проблеми во нашата држава, рече Јанушев.

Тој упати прашање зошто е потребно да се купуваат гласачи доколку се сигурни дека референдумот ќе биде успешен.

– Исто така е доста интересно дали Јавното обвинителство ќе се одважи да покрене постапка по однос на овој предлог, каде што јасно, прецизно и концизно го слушнавме Заев како повикува буквално сите фирми да понудат поткуп за со тоа да ги мотивираат граѓаните да излезат на овој референдум. Ќе порачаме од тука од Кочани, дека не се плашиме, дека сите закани и уцени допринесуваат да бидеме пообединети и да се спротивставиме на штетниот капитулантски договор, рече Јанушев.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Масовна излезност на осми мај и недвосмислена поддршка за ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: На 8 мај оваа криминална влада ќе се соочи со пораз, а кога веќе Спасовски се обидува да прави капитал на настаните од 27 април, нека каже дали спие мирно

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија – 1. Бојкот на избори, 2. Влада со ДУИ, и Али да одлучува кој кое министерство ќе го има

Горан Наумовски

Николоски: Во следните две недели ќе продолжиме да работиме уште поинтензивно за уште поголема победа

ВМРО-ДПМНЕ: Народот избра промени, Македонија повторно ќе биде горда и твоја

Горан Наумовски

Мицкоски: Мислеа дека си имаат работа со мали деца, победуваме со повеќе од 170.000 гласови разлика

Орце Костов