Договорен проект за користење нуклеарни технологии за идентификација на изворите на аерозагадувањето

Од:

Заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули денеска оствари работна средба со директорот за програмски менаџмент во Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA), Томоко Фурусава.

На средбата, соопшти Министерството за животна средина, е договорена реализација на проектот „Идентификација на извори на аерозагадување со користење на нуклеарни технологии“.

Ова е прв национален проект на Министерството за животна средина и IAEA кој ќе се фокусира на зајакнување на административните капацитети на Министерството во идентификација на составот на цврстите честички во воздухот и подготовка на Национална студија за определување на извори на загадување во поглемите градови во државата.

Во рамки на проектот, се посочува во соопштението, ќе се набави опрема и инструменти кои користат нуклеарни технологии што ќе се употребуваат во анализа на составот на фракции на ПМ честичките.

– Оваа технологија досега не се користела во Македонија, а податоците ќе се искористат за воспоставување на моделирање и определување на главните извори на загадување со што ќе се овозможи приоритизација на мерките за подобрување на квалитетот на воздухот, се појаснува во соопштението.

Инаку, Меѓународната агенција за атомска енергија спроведува регионални проекти за поддршка на медитеранските држави во областа на усогласување на системите за следење на загадувањето на воздухот и создавање на заедничка база на податоци во рамки на кои се планирани и проекти за Македонија.

Би можело да ве интересира

Едукативна кампања на Центарот за одржлив развој „Алка“ за зачувување на животната средина

A1on

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

A1on

Шукова: Граѓаните да користат суво дрво, 45 отсто од загадувањето доаѓа од домаќинствата

A1on

Чебрен пропадна: Грчката компанија не можела да подигне кредит од банка за да гради

A1on

Воздухот енормно загаден, а пратениците одбиваат амандмани за Буџетот со кои ќе се намали аерозагадувањето

A1on

Трошоците за заштита на животната средина лани изнесувале 7 840 633 000 денари