НРЦ ја поддржува интеграцијата на Македонија во европското семејество

Од:

Националниот Ромски Центар ја поддржува интеграцијата на Македонија во европското семејество, а значајно е да се вклучиме и во сојузот со кој се гарантира безбедноста на државата, изјави денеска извршниот директор на НРЦ, Ашмет Елезовски.

Тој информираше дека НРЦ со поддршка на европските фондови, изминативе години реализираа многубројни проекти со кои се јакнеше капацитетот на ромската етничка заедница, на ученици, лица без документи, жени. НРЦ, информираше е дел од Граѓанската иницијатива „Зачекори напред“, и заедно со останатите граѓански организации ја почнува информативна кампања преку која, во наредните денови, на граѓаните ќе им овозможи подобар пристап до релевантни информации поврзани со придобивките и предизвиците од зачленувањето во Европската Унија и НАТО.

– Фондовите им стојат на располагање на сите заинтересирани, на интектуалци, компании, граѓански организации и може да се каже дека Европа нуди можност за остварување на замислените креации од кои бенефит имаат различни категории граѓани, изјави, Елезовски.

Според него значајно е да се запознаат граѓаните со принципите на владеењето на правото во ЕУ, чија крајна заштита е право на развој на граѓанинот.

Перспективна Македонија и евроатлантските интеграции се она за кое залагаат сите политички субјекти, вели Елезовски, но останува екслузивно правото, граѓаните самите да одлучат за ова прашање.

– Граѓаните сами ќе одлучат, демократијата е тоа и треба да се почитува зборот на граѓанинот, рече Елезовски.

Кампањата е информативна и не ги наведува граѓаните на конкретни чекори во однос на гласањето.

Би можело да ве интересира

Ромите за Демократија: Членови на СДСМ им се закануваа на Ромите набљудувачи

A1on

Меѓународниот ден на Ромите, 8 април неработен за припадниците на ромската заедница

Ана Ололовска

Пресуда на европскиот суд против Македонија за сегрегација на ученици Роми

Ана Ололовска

„Вторник само за Роми“ – Базен во Шуто Оризари со натпис дискриминирал врз основа на етничка припадност и боја на кожа

A1on

Приоритети на Стратегијата за Роми 2022–2030 се долгорочното унапредување на социјалната кохезија и економскиот статус на Ромите

А1он

Меѓународниот ден на Ромите – 8 април, неработен за припадниците на ромската заедница

Ана Ололовска