(ВИДЕО) Керим по распитот во СЈО: Ќe кажеме се кога ќе дојде време

Од:

Заврши распитот на управителот на Медиа принт Македонија (МПМ), Срѓан Керим во специјалното јавно обвинителство, каде се задржа околу половина час. Тој по излегувањето не сакаше да открие зошто бил повикан.

„Ќе кажеме се кога ќе дојде време”, рече кусо Керим.

Претходно на распит во обвинотелството беше и директорката на МПМ, Јана Станисављева. И таа си замина од специјалното обвинителство по половина час. Не сакаше да каже за што е повикана за даде исказ.

Неофицијално двајцата се сомничат за лажен стечај, за злоупотреби на средства на доверители поврзани со работата на МПМ, како и за злоупотреба на службена положба. И двајцата ги застапува адвокатот Антонио Апостолски.

СЈО води истрага за финансиски злоупотреби во компанијата на тогашните први луѓе, во чија сопственост беа весниците „Дневник“,„Вест“ и „Утрински весник“.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска

Разрешен поротникот Сандев, четири предмети од СЈО ќе почнат од почеток

Кристијан Ландов