Бушати: Договорот на Македонија и Грција значаен не само за двете земји, туку за целиот регион

Од:

Министерот за надворешни работи на Република Албанија побара поддршка од македонските граѓани за договорот со Грција и претстојниот референдум, бидејќи, според него, тој не е значаен само за Македонија и Грција, туку за целиот регион.

– Сакам да ги повикам сите граѓани на Република Македонија без разлика на етничката, идеолошката и културна припадност да го поддржат овој процес бидејќи тој е историски значаен не само за Скопје и Атина, туку и за стабилноста, безбедноста и демократијата во нашиот регион, рече шефот на албанската дипломатија по денешната средба со вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи.

На таков начин, додаде Бушати, ќе се потврди и евроатлантската определба на вашата земја.

Вицепремиерот Османи истакна дека од Албанија очекува поддршка во однос на членството на Македонија во НАТО и изрази надеж дека таа ќе биде една од првите земји што после неговото потпишување ќе го ратификува протоколот во албанскиот Парламент.

На средбата со Бушати се разговараше и за процесот на евроинтеграциите при што констатирале дека двете држави се на исто ниво на патот кон ЕУ, со прецизна рамка за започнување преговори во јуни, започнување скрининг процес овој месец. Тоа, заклучиле, ќе има даде можност на двете земји за размена на искуства и знаење во натамошното приближување кон ЕУ.

– Република Македонија и Република Албанија немаат отворени прашања. Имаме одлични билатерални односи, но постои можност и потенцијал за продлабочување на оваа соработка, како на политичко така и на економско ниво, рече Османи.

Вицепремиерот Османи информира дека со Бушати разговарале и за иницијативата за трилатералната соработка за прогласување на регионот Преспа како за заштитена зона со нови иницијативи и нови гранични премини кои ќе го развијат и туризмот, но и економијата генерално во тој регион.

Албанскиот министер за надворешни работи најави дека се работи на подготовки за одржување нова заедничка седница на владите на Македонија и Албанија во Скопје. На неа, рече, ќе биде ставен појасен фокус за развој на регионите близу границите, на можноста за подобро менаџирање на граничните премини за да се овозможи поголема раздвиженост на граѓаните.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски