И управителот на Медиа принт Македонија (МПМ), Срѓан Керим напладне се појави на распит во специјалното јавно обвинителство, откако претходно исказ даваше и директорката на МПМ, Јана Станисављева. Таа си замина од специјалното обвинителство по половина час. Не сакаше да каже за што е повикана за даде исказ.
И Керим пред да влезе во просториите на СЈО, не коментираше кои се причините поради кои што е повикан да даде исказ пред тимот на специјалната обвинителка Катица Јанева.
Неофицијално, тие се повикани во рамки на истрагата што ја води обвинителството за финансиските злоупотреби во компанијата на тогашните први луѓе, во чија сопственост беа весниците „Дневник“,„Вест“ и „Утрински весник“. Неофицијално се осомничени за лажен стечај.
Галена Николовска-Ризвановиќ