Поранешниот генерален секретар на ОН, Кофи Анан, ќе биде погребан во Гана

Од:

Поранешниот генерален секретар на ОН, Кофи Анан, кој почина на 18 август на 80-годишна возраст, денеска ќе биде погребан во неговата родна земја Гана.

По јавната комеморација во Меѓународниот конференциски центар во главниот град Акра, добитникот на Нобелова награда за мир ќе биде погребан со приватна церемонија на воените гробишта на Акра.

Покрај сопругата на Анан, Нан, неговите деца и внуци, претседателот Нана Акуфо-Адо, високи владини претставници, на комеморацијата се очекува да присуствуваат и високи воени лица, дипломати и функционери од целиот свет.

Откако телото на Анан во понеделникот беше пренесено во западноафриканската држава од Швајцарија каде што почина, илјадници жители на Гана му одадоа почит на Анан, чиј ковчег беше поставен во конференцискиот центар.

Анан остави зад себе големо наследство како глобален државник и борец за мир, дијалог, човекови права и владеење на правото, потсетува агенцијата ДПА.

Тој ја презеде функцијата генерален секретар на ОН во јануари 1997 година. За време на неговиот безмалку 10-годишен мандат, тој отпатува во речиси секоја земја во светот и ги повикуваше владите да ги поддржат Обединетите нации.

Анан одигра и централна улога во создавањето на Глобалниот фонд за борба против СИДА, туберкулоза и маларија и усвојувањето на првата стратегија на ОН за борба против тероризмот.

Тој беше втор генерален секретар на ОН кој ја освои Нобеловата награда за мир, која во 2001 година ја подели со ОН.

Откако се повлече од ОН, Анан продолжи да работи за мир како шеф на Фондацијата Кофи Анан со седиште во Женева и „Старешини“, група меѓународни лидери што ја основа Нелсон Мандела.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство