Светска Банка: Албанците во иднина ќе станат најбројна нација на Западен Балкан

Од:

За неколку децении Албанците ќе станат најбројна нација на Западен Балкан, бидејќи само во државите во кои тие живеат е регистриран позитивен природен прираст, додека во останатите земји, како Босна и Хервеговина, Србија и Хрватска бројот на починати лица во последниве години е поголем од бројот на новородените, јави турската агенција Анадолија, повикувајќи се на резултатите од едно истражување на Светската банка.

Во анализата на Банката, насловена „Показатели за светскиот развој“, се наведува дека најголем природен прираст на населението на Балканаот има во Косово, тенденција која може да се очекува и во следните години.

Според Банката, во периодот 2010-2020 година Косово се очекува да има просечен годишен природен прираст од 0,7 отсто, што би бил еден од највисоките во Европа.

По Косово следи Албанија со очекуван годишен природен прираст од 0,2 проценти, а на третото место е Македонија, која според Банката „има голем процент на албанско население“, со нулта стапка на прираст, односно со ист број на новородени и починати.

Во сите останати земји од Западен Балкан во следниот период до 2020 година ќе има негативен природен прираст, се оценува во анализта на Светската банка. Така, Србија би имала годишен природен прираст од минус 0,2 отсто, Хрватска од минус 0,3, а Босна и Херцеговина од минус 0,4 проценти.

Според сараевскиот социолог и професор по политилки науки Јусуф Жига, ваквите демографски промени би можеле значително да влијаат врз политичката ситуација на Балканот и во иднина да поттикнат разни политички и територијални претензии.

Инаку, во светски рамки највисок природен прираст од 3,5 проценти се очекува во Нигер, а во Европа во Турција и Ирска од по еден отсто. Најголем негативен природен прираст во Европа од минус 0,7 отсто, Светската банка предвидува за Бугарија.

Би можело да ве интересира

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов