Спасовски се сретна со Каполунго и Ромеро

Од:

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска оствари средба со Џенаро Каполуонго, проект лидер на ИПА 2017 проектот „Сузбивање на сериозен криминал во Западен Балкан“ и амбасадорот на Италијанската Република, Карло Ромео.

На средбата, како што соопшти МВР, се разговарало за резултатите постигнати од првата фаза на ИПА 2017 проектот „Сузбивање на сериозен криминал во Западен Балкан“, како и за втората имплементациска фаза на проектот „Борба против организираниот криминал: Меѓународна соработка во кривичната фаза“, која е предвидено да трае до 31 декември 2019 година. Како имплементатор на активностите на овој проект е избрана Република Македонија.

Министерот Спасовски се заблагодарил за досегашната успешната соработка помеѓу Министерствата за внатрешни работи на Република Македонија и Италијанската Република и го потенцирал успешното спроведување на овој проект во рамките на ИПА, што ќе придонесе во борбата против организираниот криминал и корупција.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Мелони со војска го брани Милано од демонстрантите

Катерина Ѓуровски

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

ВИДЕО: Не можете да ги палите градовите – Мелони по нередите во Милано

Катерина Ѓуровски

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба