(ВИДЕО) Робовалиев: Цели 3 месеци градоначалникот Богдановиќ реконструира улица во должина од неколку стотина метри

Од:

„Пред само 3 дена градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ се пофали дека успеал да направи реконструкција на улицата Капиштец што се наоѓа на Водно.

Моментално се наоѓаме пред истата таа улица која е не само што не е довршена, туку нема тротоари, полна е со дупки а жителите мака мачат цели 3 месеци како да стигнат до своите домови“, рече Васко Робовалиев, советник од ВМРО-ДПМНЕ во советот на Општина Центар.

„Повторувам, цели 3 месеци градоначалникот Богдановиќ реконструира улица во должина од само неколку стотина метри, а како капак на се дополнително ги лажеше граѓаните на Центар дека улицата е завршена и дека сега се на ред други улици за кои тој допрва ќе почне да ги реконструира во Центар.

Градоначалникот Богдановиќ во својата изборна програма им вети на центарци дека ќе реконструира верувале или не 31 улица. Досега тој има реконструирано само 1 улица додека 2 улици вклучувајќи ги и оваа се реконструираат со месеци и месеци.

Вакви работи се недозволиви за општина каква што е Центар, со буџет од речиси 25 милиони евра.

Богдановиќ треба да биде свесен дека пред да се пофали дека успешно реконструирал улица најпрвин таа треба да биде целосно комплетирана, со сите придружни елементи како што се осветлување, нови тротоари и нивелирање на сливниците и шахтите.

Жителите на Центар не гласаа за вакви лаги.

Центарци не заслужуваат градоначалник како Саша Богдановиќ“, изјави Васко Робовалиев, советник од ВМРО-ДПМНЕ во советот на Општина Центар.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања