КФОР: Никој не му се заканува на Вучиќ, неговата безбедност е загарантирана

Од:

Портпаролот на меѓународните сили во Косово – КФОР, Винченцо Грасо изјави дека припадници на овие сили, во координација со институциите на Косово и полицијата на Косово, работат на смирување на ситуацијата, како и за безбедноста на српскиот претседател Александар Вучиќ.

– Никој не му се заканува на Вучиќ. Неговата безбедност е загарантирана, изјави Грасо за порталот „коха.нет“.

Во врска со протестот поради посетата на српскиот претседател на областа Дреница, Грасо рече дека КФОР работи заедно со косовската полиција за отстранување на барикадите и обезбедување слобода на движење.

– КФОР работи на мировен начин, подготвени сме за се што ќе се побара од нас, во рамки на нашиот мандат, изјави портпаролот на КФОР.

Единици на КФОР се појавија на местата на кои се поставени барикади со градежна механизација, камиони и дрва.

Последната информација од терен е дека, откако беше запрен при обидот да отпатува во селото Бање во Дреница по заобиколен пат, Вучиќ се врати во северна Митровица, од каде ќе разговара со жителите на селото по телефон .

Претходно, поради протестите на ветераните на ОВК и локалното население во Дреница, косовската Влада му ја повлече дозволата на Вучиќ за посета на тој регион.

Српските медиуми јавуваа дека демонстрантите се вооружени и распоредени низ повеќе места во регионот, а од едно село се слушнале и истрели од огнено оружје.

Министерот за одбрана на Србија, Александар Вулин изјави дека српската војска е подготвена да интервенира доколку дојде до инцидент и дека ќе ја исполни секоја наредба на претседателот и врховен командант Вучиќ.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Вучиќ објави пост за Фицо, па уследија закани по неговиот живот

Горан Наумовски

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

Вучиќ и ја честиташе победата на Сиљановска-Давкова

Горан Наумовски