Куртоа: Навивачите на Челзи ме мразат без да ја знаат вистината

Од:

Белгискиот голман Тибо Куртоа ги налути навивачите на Челзи, откако се појавија бројни контроверзи околу неговиот трансфер во Реал Мадрид.

Тој стана најомразен играч во лондонскиот клуб, по гласините дека Куртоа прво одбил да потпише нов договор, па потоа дури и започнал штрајк се со цел да замине од Челзи.

– Навивачите ме мрзат, а не ја знаат целата вистина. Во март решив да заминам, а клубот ја прифати мојата одлука. Кога трансферот беше завршен не сакав да се појавувам за да не им пречам на соиграчите и на тренерот, истакна Куртоа.

Тој дополнително го навлече гневот на навивачите на Челзи, кога по заминувањето во Мадрид изјави дека тоа е трансфер на повисоко ниво.

– Кога доаѓав во Реал реков дека тоа преминување во повисоко ниво, но не сакав да „газам“ по поранешниот клуб. Луѓето тврдеа дека сум кажал, дека во Челзи нема квалитет. Тоа не е вистина. Никогаш такво нешто не сум помислил. Едноставно поинаку е на тренинзите, во Реал тоа оди некако побрзо и поквалитетно, но тоа не значи дека во Челзи не постои квалитет, истакна Куртоа.

Куртоа беше прогласен за најдобaр голман на Светското првенство во Русија, а во Реал замина со трансфер во висина од 35 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

Де Брујне: Не знам зошто ме прогласија за играч на натпреварот