Победа со 2:0 забележа екипата на Вердер синоќа во Бремен против гостинот Хановер во првиот натпревар од 20.коло на Германското фудбалско првенство.
Стрелец на двата гола беше Нилс Петерсен во финишот од средбата (85. и 88.минута).
Со оваа победа Вердер има 26 бодови или само еден помалку од синоќешниот противник.
Денеска ќе се одигра првиот од двата дерби натпревари во ова коло. Во Мајнц, истоимениот тим за кој настапува македонскиот репрезентативец Николче Новески, го пречекува лидерот на табелата Баерн Минхен.
Средбата ќе започне од 15 часот и 30 минути, термин во кој ќе стартуваат и натпреварите: Волфсбург – Аугсбург, Шалке – Гројтер Фурт, Хофенхајм – Фрајбург и Фортуна Дизелдорф – Штутгарт, додека натпреварот Хамбургер – Ајнтрахт ќе започне од 18 часот и 30 минути.
За утре се предвидени натпреварите Нирнберг – Борусија Менхенгладбах и вториот дерби дуел во кој второпласираниот Баер Леверкузен ќе биде домаќин на шампионот Борусија Дортмунд.
Табела: Баерн Минхен 48 бодови, Баер Леверкузен 37, Борусија Дортмунд 36, Ајнтрахт 33, Мајнц 30, Шалке 29, Борусија Менхенгладбах 29,…