Ринкевицс: Се надеваме дека Северна Македонија ќе биде новиот член на НАТО и ЕУ

Од:

Министерот за надворешни работи на Република Летонија, Едгарс Ринкевицс, по средбата со неговиот грчки колега Никос Коѕијас изрази надеж дека Договорот од Преспа ќе се финализира, со членство на Макеоднија во НАТО и ЕУ.

Во изјава за медиумите, шефот на летонската дипломатија рече дека земјата ќе ја нарекува Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Атина.

– Ние се надеваме дека процесот ќе се комплетира со членство на Северна Македонија и во НАТО и во Европската унија, дека прашањето ќе се реши и дека ќе имаме уште една држава членка, рече министерот за надворешни работи на Летонија.

Коѕијас му се заблагодари и на Ринкевицс лично и на латвиското претседателство со ЕУ (првата половина на 2015) за “тешките теми за кои разговарале, какво што е македонското прашање, за кое денес, благодарение на позицијата на тогашното претседателство, можевме да најдеме добри и креативни решенија”.

Шефот на грчката дипломатија се осврна и на употребата на уставното име во писмото од Трамп до Иванов, велејќи дека кога Договорот од Преспа ќе се ратификува во двете земји, тогаш земјата ќе се вика Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

Грчката Сириза избра нов лидер: Сократис Фамелос на чело на поранешната владејачка партија

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

НАТО: Се подготвуваме за „прецизни удари“ ако дојде до војна помеѓу нас и Русија

НАТО соопшти за што разговарале Руте и Трамп

Претседателката Сиљановска Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новоизбраната заменик-генерална секретарка на НАТО

Трамп го номинираше Метју Витакер за американски амбасадор во НАТО