По повод Денот на независноста – 8.септември вечер во Струмица почнува меѓународниот одбојкарски турнир за жени.
На турнирот учествуваат екипите на „Виктори Волеј“ и „Наковски Волеј“ од Струмица, „Партизан“ од Белград (Србија) и „УМБ Тирана“ (Албанија).
Натпреварите се играат во салата на СОУ „Димитар Влахов“, а турнирот завршува в недела.