Сончево со мала локална облачност

Од:

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Попладне во источните делови ќе има услови за краткотраен дожд.

Утринската температура ќе се движи од осум до 18, а дневната од 22 до 33 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умрена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе се искачи до 30 степени.

Во следните денови ќе преовладува претежно стабилно време со умерен, а од недела повремено засилен северен ветер. Во попладневните часови не е исклучено да има локален краткотраен дожд, повеќе во планинските региони. Во сабота попладне ќе има повеќе услови за локален пороен дожд со грмежи.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски