Гугл блокира по 100 несоодветни реклами на Интернет секоја секунда

Од:

Гугл е екстремно строг кога станува збор за ширење на спам, лажни вести или несоодветни реклами на Интернет. Компанијата има специјални алгоритми за откривање и блокирање слични содржини во својот пребарувач. Фактот дека Гугл поседува една од најголемите рекламни платформи на Интернет е причината зошто се повеќе и повеќе луѓе се обидуваат да дистрибуираат несоодветни реклами на сајтовите што ги посетуваме секој ден.

Технолошкиот гигант веќе тестира нови филтри за да спречи таква содржина, и покрај овие напори, ова и понатаму е голем проблем. Алфабет, матичната компанија на Гугл, сега откри интересни детали за овој релативно нов феномен. Информациите во нивниот извештај покажуваат дека во текот на календарската 2017 година, алгоритмите на Гугл отстранувале во просек по 100 несоодветни реклами во секунда, известува „Андроид Хедлајнс“.

Бројката е толку голема затоа што многу често за таа цел се користат огромни ботнет мрежи кои за кратко време испраќаат множествo пораки до корисниците. Постои тенденција Епл да стане претпочитана цел за дистрибуирање на такви содржини. Токму поради ова е потребно сите водечки компании заедно да откријат најефикасен начин да се справат со овој несомнено голем проблем. Прописите на ЕУ, исто така, ги стимулираат сите такви иницијативи на Гугл, Епл и Фејсбук.

Би можело да ве интересира

Италија бара од Гугл една милијарда евра неплатени даноци

Американското Министерство за правда го тужи Гугл поради монопол

Горан Наумовски

Австралиска Влада: Успешен e законот кој ги обврзува Мета и Гугл да им плаќаат на медиумите

А1он

Русите истражуваат како да си ги скршат рацете за да избегнат мобилизација

А1он

Гугл ја загуби жалбата против ЕУ, мора да плати казна од 4 милијарди евра

А1он

Гугл му даде отказ на инженерот кој тврдел дека една од програмите има свест

Горан Наумовски