За викендот услови за дожд, наместа и пороен

Од:

Дожд и северен време за време на викендот најавуваат метеоролозите со температури до 34 степени.

Во следните денови ќе преовладува претежно стабилно време со умерен, а од недела повремено зсилен северен ветер. Во попладневните часови не е исклучено да има локален краткотраен дожд, повеќе во планинските региони. Во сабота попладне ќе има повеќе услови за локален пороен дожд со грмежи.

Утринските температури ќе се движат утре од осум до 18 степени, во сабота од 10 до 19, во недела од 11 до 20, во понеделник од 10 до 19, во вторник од девет до 18 и во среда од осум до 17 степени.

Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 33 утре, во сабота од 27 до 34, во недела од 25 до 33, во понеделник од 24 до 32, во вторник од 25 до 32 и во среда од 26 до 33 степени.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски