Говорот на омраза во медиумите мора да се превенира и санкционира, порачуваат регулаторите

Од:

Говорот на омраза во медиумите и начините како да се превенира и санционира оваа појава е она за што денеска во Скопје разговараа директорот на македонската Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги Зоран Трајчевски и неговиот хрватски колега Јосип Поповац.

Според Трајчевски, во Македонија говорот на омраза е застапен во помал обем, но сепак е проблем за кој треба да се најде решение како да се надмине.

– Иако Агенцијата за медиуми во Македонија има постигнато значителен напредок во повеќе области, сепак размената на искуства од едно регулаторно тело на земја членка на ЕУ е секогаш добредојдено, посебно размената на искуства во делот на санкционирање на говорот на омраза којшто го регистрираме во помал обем во медумите кај нас, но сепак е горлив проблем. Бараме решение како оваа состојба да биде надмината и како Агенцијата за медиуми да добие поголеми надлежности во делот на санкционирање и ширење на говорот на омраза преку телевизиите и радијата, рече Трајчевски на прес-конференција.

Во Хрватска постојат построги законски решенија кои одат дури дотаму што Агенцијата има изречено привремена забрана за емитување на програми.

– Кај нас во подготовка е нов закон за електронски медиуми и доста ригорозно е одреден говорот на омраза. Но, она што беше проблем и кај регулаторот и кај медиумите е тоа како да се разликуваат говорот на омраза и говорот од омраза, појасни Поповац.

За него, важна е превенцијата, односно сите оние кои работат во медиумите да бидат доволно информирани каде е границата која не смее да се надмине.

– Не треба да имаме илузија дека говорот на омраза целосно ќе исчезне, но како регулатори мораме да инсистираме тоа да биде ретко и санкционирано. Со помош на целата јавност и медиумите, ако бидеме доволно информирани за тоа каде е границата која не смее да се надмине, мислам дека ќе успееме, вели Поповац.

Посетата на хрватската делегација се поклопува со 21-годишнината од основањето на македонската Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, која е најстарото регулаторно тело на Балканот.

Би можело да ве интересира

Графити со говор на омраза врз градскиот симбол на крајот во Гостивар

А1он

Директорката Иљази им забрани на вработените на Токсикологија да даваат изјави за медиумите

A1on

Костадиновска-Стојчевска: Покажавме како се почитува слободата на медиумите, „Репортери без граници“ го потврди тоа

А1он

Ден на слободата на медумите – македонските новинари со потпросечни плати и се уште изложени на закани и напади

А1он

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

A1on

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски