Ахмети-Хелбах: Германија е коавтор на нашиот евроатлантски успех

Од:

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети денеска имаше работен состанок со специјалниот претставник на Министерството за надворешни работи на Германија за Југоисточна Европа, Турција и земјите од ЕФТА, Христијан Хелбах и германскиот амбасадор во Македонија Томас Герберих.

На средбата, соговорниците дискутираа околу референдумот, спроведувањето на уставните измени, реформите и регионалните случувања.

Ахмети му се заблагодари на Хелбах за големата германска поддршка за успехот на Договорот од Преспа и евроатланската интеграција на Македонија.

Лидерот на ДУИ истакна дека штабот на Демократската Унија за Интеграција за референдумот на 30 септември е во целосна функција на успехот и дека секој ден се структуираат на терен.

Ахмети истакна дека огромното мнозинство на граѓаните од сите заедници во земјата ја подржуваат интеграцијата на земјата во НАТО и ЕУ и дека очекува успешен референдум.

Ахмети повторно ја повика македонската и албанската опозиција да му се придружат на евроатланскиот пат и без двоумења да ги подржат напорите за реализација на неопходните чекори, референдумот и уставните измени.

Ахмети ја поздрави посетата на Канцеларката Меркел и истакна дека успехот во однос на интеграцијата и демократизацијата на општеството се заеднички успех на домашните сили и меѓународната заедница.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Поскапува меѓуградскиот транспорт, директно се погодени студентите и граѓаните

ВЛЕН: ДУИ да каже дали го негира Гзим Острени?

Горан Наумовски

Реџепи: Како ќе се поврзе Скопје со Блаце ако Качанички пат остане тесен и блокиран?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) СДСМ и ДУИ ја прозваа Владата за величањето на Младиќ: „Обвинителството да постапи“, ВЛЕН е соодговорен

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) ДУИ: Не еден, туку вкупно пет тендери за братучедот на директорот на ВРЕДИ во „Бардовци“

ДУИ: Тендер од 42 илјади евра кај братучедот на директорот на „Бардовци“