Груевски смета дека делото за „мерцедесот“ му застарело на 26 февруари 2018 година

Од:

СЈО го извести судот дека барањето за изземање на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева не е дозволено, по што продолжи јавната седница во второстепениот суд. Судијката-известител Тања Милева, рече дека за овој предмет на СЈО познат под кодното име „Тенк“, биле поднесени вкупно 6 жалби, од кои 4 на адвокатите на Груевски, една лично од него, и уште една од Ѓоко Поповски.

Во жалбените наоди на адвокатите е наведено дека судот направил серија суштествени повреди на Законот за кривична постапка, и дека погрешно ја утврдил фактичката состојба.

Во жалбата пишува дека судот против-законски ги одбил барањата на адвокатите за изземање на судиите и поротниците и дека СЈО пред судот не ја докажало надлежноста. Освен тоа, наведено е дека дел од доказите биле доставени во копија, а Груевски и неговите адвокати воопшто не ги добил бомбите како докази. Записниците од седниците за судењата не кореспондирале со видео-записите од судскиот процес. Обвинетиот се жали за вештачењата на СЈО, кои, како што пишува во жалбата, вештачеле со истечени лиценци. Адвокатите се жалат дека не бил доставен записник за примопредвање на бомбите.

Во жалбата се додава дека во февруари годинава настапила апсолутна застареност на кривичното дело, поради телефонскиот разговор кој Груевски го направил на 26 февруари 2012 година. Во образложението на жалбите е наведено дека пресудата е нејасна и противречна.

Ова се дел од причините, поради кои Груевски бара да биде укината првостепената пресуда и судот да донесе ослободителна пресуда.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Тенк прегази двајца војници во Полска: Едниот загина, другиот во критична состојба

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

Украинскиот амбасадор во Германија ја поздрави „големата тенковска коалиција“

А1он

Британско разузнавање: Москва испраќа нови тенкови на бојното поле, војниците не ги сакаат

Варшава очекува брзо одобрение од Берлин за испраќање тенкови во Украина

А1он