Мишко Иванов поднесе оставка од УО на ЗНМ

Од:

Новинарот Мишко Иванов, член на Управниот одбор на ЗНМ, денеска поднесе неотповиклива оставка.

Сакам да соопштам дека поднесувам оставка од функцијата член на УО на ЗНМ. Без дa навлегувам во патетични образложенија, а поаѓајќи од мојот вредносен и морален дискурс и неможејќи да бидам нем сведок на бледите и безтематски соопштенија кои ги издава ЗНМ (а не ме амнестира и мене од одговорност) поднесувам неотповиклива оставка од местото член на УО на ЗНМ, особено после последните две соопштенија и изедначувањето на одговорноста.

Јас и понатаму останувам новинар кој е отворен и достапен за сите добронамерни сугестии на колегите новинари, се разбира доколку имаат потреба од тоа, напишал Иванов.

Оставката доаѓа по денешното соопштение во кое здружението информираше дека е разочарано од злоупотребата на медиумите од дневните весници Вест и Вечер за дискредитација на новинарите по полова припадност и сексуална ориентација, а таквото новинарство го нарече непрофесионално и неетичко со кое во очите на јавноста се омаловажуваат новинарите и новинарската професија.

Тој потенцира дека и понатаму останува новинар кој е отворен и достапен за сите добронамерни сугестии на колегите новинари, се разбира доколку имаат потреба од тоа.

И новинарот Владимир Тевчев, исто така член на Управниот одбор на ЗНМ, како член на УО на ЗНМ се изјаснил против денешното така формулирано соопштение. За оставка, Тевчев ќе размисли.

Би можело да ве интересира

Поразот на Украина може да доведе до колапс на земјата и граѓанска војна

Филков: Без слободата на медиумите нема вистина, правда и одговорност

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми

Владата апелира медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги повлечат

Трамп ги затвора радиодифузерите „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“?

A1on

Влада донесе предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми

Предраг Петровиќ