Јанкулоска не сака Кацарска да ја суди за „мерцедесот“

Од:

Во кривичниот суд во Скопје продолжи судењето за издвоената постапка за ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска во случајот „Тенк“ на СЈО. Обвинетата преку адвокат побарала да не ѝ суди судијката Добрила Кацарска.

Во барањето за изземање се наведува дека Комисијата за заштита од дискриминација донела мислење дека судијката постапила спротивно на Законот за спречување и заштита од дискриминација и дека ја изложила Јанкулоска на деградирачки однос во областа на пол и политичка припадност и дека ја довела обвинетата во понижувачка состојба.

„Во мислењето на Комисијата се наведува дека судот не ѝ го признал правото на бременост и во период од еден месец закажал осум рочишта во услови кога Гордана Јанкулоска била во 9. месец од бременоста и дека судечкиот совет не ѝ ги признал лекарските потврди кои потврдувале ризична бременост и наредил преглед на Клиниката за гинекологија и акушерство за време на кој што медиумите ја нарушиле нејзината приватност“, се наведува во барањето за изземање.

Во него се додава дека Комисија заклучила дека судот отстапил од вообичаената пракса на закажување рочишта и дека постои дискриминаторско однесување и постапување што доведува до вознемирување и повреда на достоинството на обвинетата и претставува заканувачка, понижувачка и застрашувачка практика.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: „Мерцедесот на Груевски“ се вози, но се крие колку се троши за сервисирање – ништо од ветувањата за продажба и амбулантните возила

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска