Поранешниот генерален секретар на Обединетите нации, Кофи Анан формира Комисија за борба против наркотици во западна Африка.
– Зголемување на продажбата на дрога, изминатата деценија стана голема закана за стабилноста и развојот на регионот. Доколку итно не се преземат санкции, продажбата на дрога би можела да го загрози развојот на западноафричките држави, кои постигнаа напредок во поглед на демократијата и промоција на човечкиот и економскиот развој – изјави Анан.
Десетчлената комисија на чело со поранешниот претседател на Нигерија, Олусегун Обасањ, ќе се залага за подигање на свеста кај луѓето, промовирање на регионалниот капацитет за решавање на проблемот и ќе им дава препораки на политичките лидери.
Комисијата ќе ја спонзорира Фондацијата на Кофи Анан.
Според извештајот на Обединетите нации од минатата година, криминалните мрежи од продажбата на кокаинот во западна и централна Афика стекнуваат профит од околу 900 милиони долари годишно.