Одредени местата за лепење плакати во Струмица

Од:

Општина Струмица ги определи местата за истакнување изборни плакати за локалните избори 2013 година.

Членовите на Советот на општина Струмица на седница ја усвоија предлог – одлуката за определување на места за истакнување изборни плакати.

Според оваа одлука, определени се следните места: улица „Балканска“ (покрај оградата на стара автобуска станица), улица „Ленинова“ на просторот од домот на пензионерите до трафиката на крстосницата со улицата „Цветан Димов“ и на улицата „Климент Охридски“ од пресекот со улицата „Братство Единство“ до зградата на новата автобуска станица.

Во населените места изборни плакати можат да се поставуваат на објектите во сопственост на општина Струмица, но исто така изборни плакати можат да се истакнуваат и на станбени и други приватни објекти со претходна согласност од сопственикот на објектот.

Би можело да ве интересира

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Мерц по поразот: „Повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања“

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 25 или 26 септември, во кампањата ќе настапам како обичен граѓанин

Горан Наумовски

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме