ДУИ ја усвои политичката платформа за референдумот

Од:

Членовите на Централниот одбор на Демократската унија за интеграција синоќа во Скопје ја усвои политичка платформа за референдумот со цел интеграција на Македонија во НАТО и Европската унија.

Од ДУИ посочуваат дека на 30 септември, постојат само две опции, едната е за европска Македонија, додека другата е против.

– Без двоумења и со неспоредлива посветеност, Демократската унија за интеграција со сите свои капацитети, ќе се ангажира за успехот на референдумот и победа на прогресивните сили во земјава, се наведува во соопштението од партијата.

Од ДУИ ја истакнуваат неопходноста од реформите, владеењето на правото и еднаквоста на законот, како и потребата за транспарентност и апсолутно независно судство како предуслов за евроатланската интеграција.

Оттаму посочуваат дека партијата ќе дејствува во согласност со огромното мнозинство на Албанците и другите граѓани во кампањата „ЗА„ и ќе соработува со политичките партии, организациите на цивилното општество, академската заедница, создавачите на јавното мислење, интересните групи и медиумите во кампањата за Европа и за НАТО.

– Ја повикуваме албанската и македонската опозиција да се приклучи на заедничкиот успех, бидејќи од постројувањето на нашата земја во Брисел придобивка има државата и граѓаните, придобивка има и опозицијата. Исто така, ги повикуваат тие што се уште се двоумат и ги калкулираат нивните позиции за дневно политички потреби, да се надминат себеси и да застанат заедно со прогресивните сили во земјата, се наведува во соопштението.

ДУИ апелира и до дијаспората како носител на процесите за промени во земјата да дојде во Македонија на 30 септември и да го подржи референдумот за интеграција на земјата во НАТО и ЕУ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Голема прослава на ДУИ за победата во Брвеница

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Скандалите и лицемерието на Шасивари немаат крај, Законот и Уставот не се прашање на компромис

ДУИ: Брвеница покажа дека гласот на албанските граѓани не може да се игнорира

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Шасивари го одложува решението – 12 албански кандидати и во октомври ќе го полагаат правосудниот испит на македонски јазик