Научници успеале да направат човек од вештачки екстремитети наречен Рекс. Рекс (Роботски-егзо-скелет) е направен со користење технички најсовршени екстремитети и органи собрани од лаборатории ширум светот.
Тој покажува дека науката полека почнува да фаќа чекор со научната фантастика во обид делови на човечкото тело да се заменат со алтернативни кои ги направил човек, пишува „Телеграф“.
Тоа доведе до предупредувања дека може да дојде до создавање на современ Франкештајн.
Компонентите на Рекс вклучуваат рака со радиус на движење од 26-степени што е за еден степен помалку од можноста на вистинската човечка рака, очила што испраќаат фотографии во микричип во зеницата која потоа испраќа електрични импулси во мозокот, како и срце на батерии.
Егзо-скелетот исто така поседува и бионички зглобови што користат мотор и систем пружина за да може да имитира акции на човечки мускули.
– Подобро се качував со вештачките екстремитети отколку што тоа го правев со своите биолошки екстремитети пред несреќата. Технологијата ја има таа неверојатна можност да лекува, рехабилитира, па дури и да ги проширува човечките можности подалеку од она што ни го дала природата. Мислам дека нормалното тело е многу здодевно, изјави професорот Хју Хер кој ги создаде екстремитетите.
Единствениот орган што научниците досега не успеале во целост да го реплицираат е човечкиот мозок кој е сочинет од милиони неврони и што е дефинитивно најкомплексната структура во познатиот универзум.