Нов прекин на седницата за затворот на Груевски, одбраната побара изземање и на судијата известител

Од:

Откако Врховниот суд по 2 и пол часовното одлучување го одби барањето судечкиот совет да биде изземен од случајот, одбраната подготви ново барање за изземање овој пат за судијката известител Тања Милева.

Како образложение на Барањето, адвокатот Стерјо Зиков ја наведе поврзаноста на сопругот на судијката, Игор Милев со СДСМ како и изборот на судијката откако е започнато судењето за случајот „Тенк”.

Ова е трет прекин на седницата на која експремиерот Никола Груевски и поранешниот помошник министер на МВР, Ѓоко Поповски пред петочлениот судечкиот совет треба да објаснат кои се нивните жалбени основи за пресудата за набавката на екстра луксузниот „мерцедес“ од 600.000 евра.

Судијката Периќ даде нова 30-минутна пауза за одлучување по барањето.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Фетаи: Преку барање на повисока казна, не бараме освета – казната затвор не е само бројка, туку став

А1он

Турција почна со производство на тенкот „Алтај“ со домашен мотор

А1он

Несреќа во Германија: Загина млад човек додека поправал тенк

Претседателот на Кривичен суд Џолев избран за судија во Апелација

Катерина Ѓуровски

ЗНМ со реакција на одлуките на Апелациониот суд Скопје за нападите на 27 април

Апелација ја укина првостепената пресуда за „Беса Транс“, предметот вратен на повторно судење