Изгоре плевна во крушевско село, штетата 15.000 евра

Од:

Околу 600 бали и седум кутии тутун, 25 вреќи жито, 200 бали сено и слама, делумно изгорен трактор „ИМТ 542“, патничко моторно возило „Голф 2“ и патничко моторно возило „Фиат Пунто“, биле зафатени со пожар во плевна во крушевското село Нерово.

Како што соопшти МВР, плевната е сопственост на С.Ј.(63), а пожарот е пријавен вчера попладне. Од него испукале и стакла од два прозора на куќата до плевната. Материјалната штета се проценува на 15.000 евра.

Во 19 часот пожарот бил целосно изгаснат од екипи на Територијалната противпожарна единица – Крушево и Територијалната противпожарна единица – Кривогаштани. Со изгореници на рацете и телото се здобиле С.Ј. и неговата снаа Џ.Ј.(35), кои се обидувале да го спасат тракторот. Им била укажана лекарска помош во Општата болница во Прилеп, по што биле пуштени на домашно лекување.

Увид на местото на настанот извршиле екипи од Полициските станици Прилеп и Крушево. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Изгореа над 20 дуќани во трговски центар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Изгоре трговски дуќан во Шуто Оризари, не се знае како пламна пожарот

Горан Наумовски

Од вкупно 31 пожар, три се активни, четири се под контрола

Пожарот се приближува до куќите кај Трново – минско поле го спречува гаснењето

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожарникарите се борат да спречат пожарот да навлезе во боровите шуми на Јасен

A1on