На денешното рочиште за случајот „Насилство во Центар“ еден од обвинетите се пожали на тоа дека судењето не може да продолжи без адвокати на обвинетите откако адвокатката Сања Алексиќ мораше да го напушти рочиштето поради издвоеното рочиште за Гордана Јанкуловска за случајот „Тенк“.
На ова обвинителката Фатиме Фетаи рече дека доколку адвокатите им се вистински бранители нема да ги напуштаат туку ќе останат на рочиштата. Сепак, таа се согласи судењето да биде прекинато, по што додаде дека не е во ред обвинетите да се судат без присуство на одбраната.
Наредното рочиште е закажано за 17 септември на кое како сведок ќе биде сослушан Горан Иљоски, а на рочиштето закажано за 21 септември како сведок ќе се појави поранешниот претседател на советот во општина Центар, Мирослав Шиповиќ.
Виктор Јованов