Со натпреварот во Бремен меѓу домашниот Вердер и Хановер, вечерва од 20 часот и 30 минути започнува 20.коло во Германското фудбалско првенство.
Првиот од двата дерби натпревари во ова коло ќе се одигра утре во Мајнц каде истоимениот тим за кој настапува македонскиот репрезентативец Николче Новески, го пречекува лидерот на табелата Баерн Минхен.
Средбата ќе започне од 15 часот и 30 минути, термин во кој ќе стартуваат и натпреварите: Волфсбург – Аугсбург, Шалке – Гројтер Фурт, Хофенхајм – Фрајбург и Фортуна Дизелдорф – Штутгарт, додека натпреварот Хамбургер – Ајнтрахт ќе започне од 18 часот и 30 минути.
За в недела се предвидени натпреварите Нирнберг – Борусија Менхенгладбах и вториот дерби дуел во кој второпласираниот Баер Леверкузен ќе биде домаќин на шампионот Борусија Дортмунд.
Табела: Баерн Минхен 48 бодови, Баер Леверкузен 37, Борусија Дортмунд 36, Ајнтрахт 33, Мајнц 30, Шалке 29, Борусија Менхенгладбах 29,…