Даниелсон ќе ја отвори серијата дијалози „Замислете ја иднината заедно!“

Од:

Директорот на Директоратот за проширување и соседска политика при Европската комисија Кристијан Даниелсон денеска во Скопје формално ќе ја отвори серијата дијалози со граѓаните „Замислете ја иднината заедно!“, што ја организира Делегацијата на ЕК во Македонија.

Европската делегација во Македонија, почнувајќи од денеска, во наредните неколку дена ќе организира серија дебати и панели во повеќе градови ширум земјата, на кои граѓаните ќе можат директно да му поставуваат прашања на евроамбасадорот Самуел Жбогар и да се интересираат за разни теми (животна средина, земјоделство, прекугранична соработка, локален развој…), релевантни за избраната општина.

Делегацијата на ЕУ во земјава, исто така ќе организира работилници за финансиската помош на ЕУ во повеќе градови, каде граѓаните ќе можат да добијат информации за фондови, проекти, и да се советуваат како успешно да аплицираат за проекти.

Би можело да ве интересира

Романо Проди: Ако АфД победи на изборите во Германија, со ЕУ е завршено

А1он

СДСМ: „Секој што е за Европа и демократија – за Мицкоски е талог“

Горан Наумовски

Мерц: „Не може проблемите на 21 век да се решаваат со буџет од 20 век“

Денеска истекува флексибилната примена на ЕЕС: Се очекуваат нови гужви на границите со ЕУ

Македонците се послаби од европјаните – во ЕУ 16,3% од луѓето се дебели, во Македонија 15,4 %

Горан Наумовски

Фон дер Лајен: Да нема забуна – Европа е нападната