Со натпреварот меѓу Рома и Каљари што ќе се одигра вечерва на „Олимпискиот стадион“ во Рим со почеток од 20 часот и 45 минути ќе стартува 23.коло од Серија А.
Ова е дуел на две екипи кои се наоѓаат во лоша резултатска серија и од последните пет натпревари и двата тима имаат освоено по пет бодови.
Утре се играат две средби од ова коло: Торино – Сампдорија (почеток 18 часот) и Наполи – Катанија (20:45).
Седум натпревари на програмата се в недела: Киево – Јувентус (12:30); Џенова – Лацио, Палермо – Аталанта, Пескара – Болоња, Сиена – Интер, Фиорентина – Парма (15 часот) и Милан – Удинезе (20:45).
Табела: Јувентус 49 бодови, Наполи 46, Лацио 43, Интер 40, Милан 37, Фиорентина 36, Катанија 35,…