Конечно добра вест за Струга

Од:

Локалните избори 2013 година се посебно важни за Струга и нејзините граѓани, меѓутоа јас сметам дека овие избори ќе бидат и едни од најинетересните локални избори во историјата на Струга, и тоа поради констелацијата на силите кои се присутни во моментот на територијата на Струга и околу неа.

Струга е една мултикултурна општина, мулти национална и мулти конфесионална средина, во која живеат и дејствуваат различни, етнички, верски и културни особености и посебности. Граѓаните на Струга и нејзината околина,секогаш знаеле овие особености и посебности да ги негуваат, чуваат и градат на најизбалансиран начин, неззависно од тоа кој или која партија ја имала власта во нејзини раце на локално или пак на национално ниво.

Сите ние сме сведоци и тоа мораме да го пирзнаеме дека овој баланс во последните години беше изместен, и тука не мислам на изместен баланс од аспект на протежирање на определена етничка, верска или културна заедница туку мислам пред се на изместената човечка, граѓанска односно урбана димензија која и се случуваше и и се случува на Струга, и тоа од страна на локалните власти кои со нивната неодговорност во водењето на локалните политики ги доведоа граѓаните на Струга и околината да се срамат од нивниот град, поточно од нивните избраници.

Во овој контекст мораме ние сите да признаеме дека со исклучок на некои поедини случаи, целата локална интелектуална јавност, невладиниот сектор и сите други чинители кои дејствуваат во градот и пошироко паднаа на испит.

Конечно за Струга и стружани после 8 години дојде една добра вест. Актуелниот градоначалник на општина Струга конечно не е кандидат на ДУИ за градоначалник на следните локални избори, и ова е еден добар знак дека во Струга ќе има фер, демократски и слободни локални избори.

За овој факт, РДК им се заблагодарува на сите тие фактори кои допринесоа ова да биде вака, а посебно им се заблагодарува и им изразува почит за искажаната љубов и почит кон градот на меѓународните фактори во земјата, а потоа и на сите други национални и локални чинители. Сметаме дека сето тоа што ние како партија го изнесувавме во јавноста како критика во изминатиов период за случувањата во градот, конечно допреа до вистинските луѓе , со цел конечно да се стави крај на хаосот и самоволието кој владее во урбанизмот, образованието, јавните финансии, јавните претпријатија и во сите други области каде што локалната власт во Струга има надлежности.

На овие локални избори во Струга РДК како партија е отворена за сорабитка на локално ниво со сите партии без исклучок, доколку смета дека таа соработка оди во прилог на интересите пред и се на граѓаните на Струга, посебно на Aлбанците во овој град

Ардијан Демири – авторот е претседател на општинската организација на РДК во Струга и адвокат по професија

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска