Шкотската полиција уапси неколку чесни сестри и други вработени во католички дом за деца поради сексуална и физичка злоупотреба на деца. Полицијата уапсила 12 лица, меѓу кои има и чесни сестри кои се обвинети за децениска злоупотреба на децата во домот Смајлум Парк во Лунарк, пишува Гардијан.
Уапсени се уште четири членови на католичката институција, а уапсените чесни сесри биле на возраст од 71 и 93 години.
„Дванаесет лица – 11 жени и еден маж на возраст од 62 до 85 години се уапсени поради злоупотреба на децата. Ќе има пријави за уште четири лица“, велат од полицијата. Тие ги присилувале децата да го јадат тоа што по повратиле, ги изгладнувале и сексуално ги малтретирале.
Обвиненијата за злоставување на децата во Смилум Парк, кои вклучуваат и наводи за сатанистички ритуали, се во центарот на долготрајна истрага за сексуално злоставување на децата во детскиот дом во Шкотска. Жртвите на организацијата за истражување на злоставени деца СЦАИ раскажале што доживеале во домот, пред тој да биде затворен во 1981 година.
Една жртва раскажала дека шестгодишник умрел во домот поради тешко претепување. Друга жртва рекла дека едно дете умрело откако било оставено голо на дожд три часа.Семејствата на поранешните штитеници биле згрозени од откритието дека околу 400 деца се закопани во необележани гробови на блиските гробишта.Повеќе од 11.000 деца било сместено во домот од 1864 до неговото затворање 117 години подоцна. Некои биле сираци, а за другите семејствата не можеле да се грижат.