Оливера Трајковска беше една од 9-те новинарки кандидирани од Вест, во анкетата која од нив сакаат да му направи интервју на премиерот Груевски без гаќи, таа со смеење го коментира духовитиот обид на весникот.
За Либертас вели дека и е жал што конзервативната уредувачка политика на МПМ подлегнала на притисоците од надвор и ја прекинале анкетата.
Трајковска низ смеење вели дека била сигурна дека иако има над 40 години, била сигурна дека ќе биде барем трета. Не и е јасна реакцијата, како што вели, ако е точно, од Ивона, која според неа би била фаворит и победата нема да и избегала.