Минов: Граѓаните демократски и слободно да одлучат како ќе се изјаснат на референдумот

Од:

Панчо Минов од ГРОМ дел од пратеничката група на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, денеска изјави дека смета дека пратениците треба водат кампања со која ќе ги поттикнат граѓаните демократски, слободно да оценат дали ќе излезат и дали ќе се изјаснат на референдумот.

– Сметам дека најоптимално, најприфатливо решение за учество во кампањата е како пратеници на граѓаните кои се наш електорат, кои ги комуницираме, да оставиме слободно согласно своите оценувања и своите одлуки да учествуваат или да не учествуваат на референдумот, се изјаснуваат позитивно или негативно за многу добро познатото прашање за референдум и многу добро познатите цели и последици кои произлегуваат од консултативниот карактер на референдумот и исходот од него, рече Минов.

Тој беше единствен пратеник во Собранието денеска кој даде изјава за медиумите во врска со тоа каква кампања треба да водат пратениците за референдумот. Останатите велеа дека го чекаат официјалното соопштение од координацијата на пратеничките групи со претседателот на Собранието Талат Џафери или дека немаат информација.

Собранието на Република Македонија формира Координативно тело за спроведување на референдумот на државно ниво на 30 септември и водење на јавна кампања, а донесе одлука и за оваа намена да побара пари од Владата односно од Буџетот.

Освен коордианцијата со Џафери, во Собранието денеска седница одрќа и собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија.

Би можело да ве интересира

Гром удри жена на плажа во Хрватска – носеше чадор за сонце

А1он

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање