(ВИДЕО) Арсовски: Министерството за финансии се задолжи за нови 6,6 милиони евра

Од:

„Министерството за финансии и СДСМ денеска на јавна аукција на државни записи ги задолжува граѓаните за нови 6,6 милиони евра.

Само во месец август ова е второ милионско задолжување. На почетокот на август, СДСМ преку Министерството за финансии се задолжи за нови 36.6 милиони евра, а најавени беа дека ќе се задолжат 32.5 милиони евра“, рече Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Значи само во месец август до сега СДСМ ги задолжува граѓаните за повеќе од 43 милиони евра.

Тоа се пари на граѓаните кои гледаме дека не се инвестираат во ништо, гледаме дека сите проекти се во застој, а капиталните инвестиции се со поразителни бројки и со срамни резултати.

Од почетокот на годината до сега неспособната Влада на СДСМ ги задолжи граѓаните и државата за стотици милиони евра.

Само во првите 2 квартали, односно од јануари до јуни јавниот долг е покачен за 352 милиони евра, додека пак државниот долг е покачен за 342 милиони евра. Психолошката граница од над 50% одамна е помината.

Ова се загрижувачки бројки за граѓаните и државата. Неспособноста на СДСМ ја однесе државата во пропаст. Економијата е крахирана, а криминалот и корупцијата секојдневно растат.

Јавноста добро е запознаена со актуелната состојба, нема никакви проекти од неспособната Влада на СДСМ. Нема нови училишта, нема нови патишта, нема нови болници, нема нови градинки, студентски домови, факултети, нема 500 евра плата, нема покачени пензии и стипендии, едноставно нема ништо од она што го ветуваа дека ќе го спроведат откако ќе дојдат на власт.

Единствено што има е скандали и афери од типот на „Криминални иновации”, афера која зазема се поголем замав како што може да видиме, афера како „Крвавите тендери” во здравството каде што ќерка и татко си делат тендери и многу други афери.

Прашањето од граѓаните до оваа неспособна и криминална Влада е следново:

Каде одат парите со кои што за само една година дена откако сте на власт СДСМ ја задолжија државата за милијарди?
Ако не се реализира ниту еден проект, а не се реализира како што може да видиме, во чии џебови завршуваат парите на граѓаните?

Дали можеби овие задолжувања се за финансирање на партиските кампањи кои што треба да ги реализира СДСМ преку Владата во пресрет на референдумот?

Бараме, СДСМ и Министерството за финансии уште веднаш да се откажат од фискалната стратегија каде што се предвидува финансиски пропаст на Република Македонија!

Едноставно е. Оваа криминална Влада на СДСМ не е способна да ја води државата. Оваа неспособна и криминална Влада ја однесе државата во амбис, а граѓаните се на работ на егзистенцијата.

На крајот, граѓаните и Република Македонија ќе победат!“, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрова: Бесими незаконски потпишал согласности за 3.000 вработувања во државни институции

Горан Наумовски

Вработени во МФ бараат исплата на додатокот на плата од 30 отсто

Протести и штрајкови најави Синдикатот на Министерство за финансии при УПОЗ ако не се потпише колективен договор

Горан Наумовски

МФ: Новата ПЕР 2024-2026 усвоена од Владата, поставена основа за нашата Реформска агенда за Планот за раст на Западен Балкан

Не смее да се вработува освен за испразнето место, но фалат луѓе во администрација вели Бесими

Анита Петровска Рајковиќ

Од јануари нема да се чека согласност од Финансии за вработување во администрација