Вечер со контра-удар. По повлекувањето на анкетата на „ВЕСТ“, на тема, „Која водителка без гаќи пред Груевски?”, од која беше повлечена уреднчката на Вечер, Ивона Талевска, Вечер излезе со контра-анкета „Има ли хомосексуалци меѓу новинарите“?
„По неколку обиди повторно се најавува геј (сексуална) парада во Скопје. Скопје е либерален град и се очекува дека настанот ќе помине мирно и незабележливо. Во кампањата за овој настан се истакнуваат неколку македонски новинари, кои за многумина тврдат дека се хомофоби само затоа што не се хомосексуалци или нивни приврзаници. Во тие настапи таквите новинари забележително имаат отпор кон жените, а особено кон жените-новинарки“, пишува Вечер.
Вечер ги посочува имињата на тројца колеги, како моженост за избор: главниот уредник на Вест, Горан Михајловски, уредникот на Либертас, Ацо Кабранов, како и новинарот во Либертас, Зоран Василевски.
Вечер ги поканува читателите да посочат имиња на новинари кај кои забележале вакви појави и евентуално да им пренесат нивни искуства.