Во Гостивар прославен празникот Преображение Христово

Од:

Со црковно-народен собир во дворот на манастирот во изградба „Св. Преображение” во гостиварската населба Циглана беше одбележан празникот Преображение Христово.

Во присуство на голем број православни верници, чинот на водосвет, прережување на славските погачи и осветување на грозјето го изврши митрополитот тетовско-гостиварски г.Јосиф, со свештеници од гостиварското архиерејско намесништво.

Годинава, прославата на празникот беше збогатена со изборот на првите седум кумови, а како што беше кажано, тоа ќе продолжи и во иднина.

На прославата во Гостивар присуствуваше и претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов со сопругата Маја. Брачниот пар Иванови на манастирот му подари икона.

Изградбата на манастариот во населбата Циглана започна со поставувањето на камен темелникот во 2014 година и е првото светилиште кое во гостиварско се гради по речиси 120 години.

Празнувањето во Гостивар започна утрово со служење на божествена литургија во соборниот храм Пресвета Богородица.

Би можело да ве интересира

Уапсен е гостиварец кој ја силуваше вонбрачната партнерка

Горан Наумовски

СДСМ: Осум недели молк за водата во Гостивар – што се крие?

Сметките за вода за август во Гостивар нема да се плаќаат

А1он

139 деца за 48 часа на педијатрија во Тетово, 12 хоспитализирани – Алијанса прашува: „Каде се министрите?“

Катерина Ѓуровски

Левица: Гостиварци ја платија кризата со здравје и страв, а власта сега им испраќа и фактура – Советот дреме

Шест недели молк – СДСМ прашува зошто се крие целосниот извештај за водата во Гостивар

Горан Наумовски